04/04/2026
Volvo S90 D4 2018
Генерален сервис...125.000км.
Ребраст сет, водна пумпа, ПК-ремен, варијабилна ременица на ПК-ремен, масло, филтри и тн....
Со овој концепт комплунг шајбната на алтернаторот е исфрлена и заменета со варијабилна ременица, од причина што истата како дел е 6-7 пати по профитабилна за фабриката како резервен дел, но и суптилно наметната од истите за да не дојде до сето ова подоле како последица....едноставно, мора да ја замените.
Од страна на менувач имате варијабилен замаец, додека од страна на ПК-ременот варијабилна ременица....перфектно смислен концепт за да добиете темпирана бомба, во контекст на (машински термин)
Доколку двата дела протропаат и не ги замените во првиот момент кога ке слушнете звуци на чукање, обично звук на удар - метал со метал, во подем е 100% потенцијална хаварија. Причина за истата е моментот на сили кои се јавуваат поради неисправните варијабилни делови кои предизвикуваат резонанца, осцилации и удари во коленестото вратило спротивни од примарната ротација на моторот.
Како последица доаѓа до пукање на коленестото вратило каде најчесто од самата интерна хаварија, некој од клипните држачи ке се откачи од лежиштето на коленестото вратило, и со помош на истото при удар завршува пробушувајки го блокот на моторот.
Поправка, друг мотор....