Honda Macedonia / Хонда Македонија

Honda Macedonia / Хонда Македонија Добредојдовте на официјалната Facebook фан страница на Honda Македонија.

Новиот слоган на Honda за 21 век е „Моќ на соништата”. Заедно со познатиот амблем на Хонда, ја претставува нашата објава во светот.

Бидете дел од нашата онлајн заедница и дознајте ги први најновите вести и информации поврзани со брендот Honda.

Филозофијата на Хонда

Во Хонда соништата се тие што нe водат напред. Сe од производството на нашиот прв велосипед на моторен погон во 1948 година, продолживме да нудиме иновативни производи што придонесуваат за мобилноста на луѓето и општеството. Почитувајќи ги луѓето и оценувајќи ги нивните лични разлики, постигнавме слобода на културата и искуство што поттикнува создавање. Денес Honda развива и произведува свои автентични производи и технологии за различни нивоа на пазарот, од мали корисни апарати до мотори и спортски автомобили.

Од самото основање Хонда се трудеше да им овозможи вистинско задоволство на сите луѓе во светот. Отсекогаш се трудиме да нудиме производи и услуги за купувачите да го добијат она што го сакаат во секој дел од светот. За да ги дознаеме тие „локални” потреби, ние не ја создававме само нашата продажна мрежа, туку ние ја структуиравме оперативноста на нашите различни производи на тој начин што тие не се само произведени туку и создадени во регионите каде што се користат.

Резултатот е 110 производствени погони во 31 земја во свето, што произведуваат мотори, автомобили, и други производи што нe доведуваат во контакт со неверојатни 11 милиони купувачи секоја година.

Во исто време, Хонда е свесна за својата социјална одговорност, па продолжува активно да бара решенија во областа на екологијата и безбедноста. Секојдневно, од развојот и производството, па се до продажбата на крајниот купувач, работиме на намалувањето на нашето штетно вијание врз глобалната околина.

Со остварувањето на политиката за намалување на CO2 и другите штетни емисии, ја подобруваме ефикасноста со која ја трошиме енергијата и природните ресурси, ја намалуваме емисијата на штетни гасови и ја зголемуваме автономијата на нашите производи, создаваме „Зелене фабрики” за нашите производствени линии, имаме активна улога во помагањето и разрешувањето на еколошката проблематика со што е соочен денешниот свет.

Исто така, како производители на превозни средства, ја гледаме нашата одговорност да создадеме сигурни возила не само за нивните патници туку и за пешаците. Наедно, се обврзавме да промовираме сигурно возење и да дадеме решение за проблемите врзани за сообраќајот, посигурното возење, како и збогатување на практичниот дел во возењето.

Откако е основана Компанијата, Honda Motor Co.Ltd, се труди да понуди производи со највисок квалитет по разумни цени, следејќи го нашиот основен мотив: овозможување задоволство на луѓето насекаде во светот.

Додека се трудиме да им излеземе во пресрет и да ги задоволиме барањата на купувачите, ние во Хонда го препознавме клучното значење на снабдувањето со производи, технологии и услуги од што имаат корист и луѓето и околината во областите на еколошката заштита и сообраќајната сигурност. Непрекинато работиме на развој на решенија што нема да излезат во пресрет само на денешните потреби, туку ке бидат подготвени и за иднината.

Гледајќи во иднината, наша цел е да создадеме компанија чие постоење е вреднувано од луѓето од целиот свет преку создавањето нови креации и вредности за нашите купувачи, ширењето на глобалните деловни операции и развојот на еколошки решенија што ќе создадат подобра околина за идните генерациии.

Address

БУлица Илинден бб
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 09:00 - 15:00

Telephone

+38923083788

Website

l.mk

Products

Возила/Vehicles
Мотори/Motorcycles
Marine
Power Products
Engines
Гуми/Tyres

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Honda Macedonia / Хонда Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Honda Macedonia / Хонда Македонија:

Share