Од квалитетната обука зависи безбедноста во сообраќајот. Затоа посветуваме големо внимание на секој кандидат. Внимателно избраните инструктури и возниот парк од нови возила се гаранција за квалитетот за кој се залагаме. Како дел од АМСМ, ние сме првата автошкола формирана на територијата на нашата земја. Благодарение на долгогодишното искуство и стекнатата доверба, денес со стотици кандидати годиш
но, сме пазарен лидер во обука на кандидати на територијата на град Скопје.
Опремени со 8 патнички возила од моделите Шкода Фабиа, Пежо 208, Мазда 2 и Волксваген ап, товарно возило Мерцедес и два мотоцикли од марката Јамаха и Хонда, располагаме со најсовремени возила за обука во секоја категорија.
Сепак, најмногу сме препознатливи по нашите професионалните и стручни инструктори и предавачи.
Избирајќи Авто Школа Мобилити Плус, го избирате најдоброто за себе, како иден учесник во сообраќајот.
Изберете обука и започнете веднаш:
- Обука за А категорија
- Обука за А1 поткатегорија
- Обука за Б категорија
- Обуки за Б+Е категорија
- Обука за Ц категорија