01/02/2026
Денес, редакцијата „Гласот на вистината“ прими телефонски повик од лице со иницијали З.М., апликант во рамки на Групсвика В. управувана од Е.К. По тој повод беше остварен заеднички разговор помеѓу редакцијата, апликантот и управителот, кој започна во 11:27 часот и траеше вкупно дваесет и три минути.
Во текот на разговорот, З.М. изјави дека, по барање на Т.М, извршила две парични трансакции преку Western Union кон лице со иницијали Т.М. Според нејзините наводи, износот на овие трансакции изнесувал приближно две илјади евра. Овие тврдења се изнесени исклучиво според нејзина изјава и во моментот не се поткрепени со официјална документација.
Управителот Е.К. изјави дека не бил претходно информиран, ниту дал согласност за ваков начин на плаќање, ниту пак бил запознаен дека се вршат уплати преку Western Union. Дополнително, беше нагласено дека испраќање средства преку Western Union не претставува законски ниту договорно предвиден начин на плаќање, особено кога постои договор за услуга со правно лице, кој подразбира уплата на средства на сметка на правното лице, а не кон физичко лице.
Во таа смисла, не е логично, ниту правно оправдано, во рамки на договорен однос за услуга, финансиски средства да се испраќаат преку Western Union кон физичко лице.
Во меѓувреме, сопругот на апликантот, лице со иницијали Е.М., јавно изнесува изјави што содржат навреди, клевети и нарушување на угледот, на кои се надоврзуваат и трети лица преку јавни коментари што претставуваат говор на омраза.
Посебно се нотира коментатор со иницијали Е.А., за кого во текот на наредниот период ќе бидат објавени факти и докази поврзани со околности на задржување на граница и постапки на надлежни институции на една земја-членка на ЕУ.
Управителот Е.К. ќе побара целосен и официјален увид во предметот, со цел да се утврди:
– бројот на трансакциите,
– нивниот износ,
– идентитетот на примателот,
– правната основа за нивното извршување,
– и дали средствата припаѓаат на физичко или правно лице.
Сите релевантни факти и докази ќе бидат јавно и транспарентно објавени.