Кромберг & Шуберт Македонија

Кромберг & Шуберт Македонија Официјална Facebook страна на компанијата Кромберг & Шуберт Македонија (КШМК-Бт и КШМК-Ск)

🍻🏃‍♂️‍➡️Денес во Битола се одржа оригинален и несекојдневен настан Пивска милја на кој учествуваа голем број битолчани, ...
31/07/2026

🍻🏃‍♂️‍➡️Денес во Битола се одржа оригинален и несекојдневен настан Пивска милја на кој учествуваа голем број битолчани, странски државјани и наши вработени.

😄Нашата компанија како поддржувач на настанот учествуваше со организирање на детско катче и успеа со забавните содржини да измами голем број детски насмевки.

👏Пивската милја беше спој на уживање и натпревар, а нашите KroSchu натпреварувачи освоија екипно второ место.

💜Драги колеги ви честитаме на освоеното место и наредно се гледаме на Трчај бе.

Спортски поздрав 🍀

Нашиот тим повторно се зголемува! 💜Аплицирај и стани дел од најголемиот тим во државата! 🤗
27/07/2026

Нашиот тим повторно се зголемува! 💜

Аплицирај и стани дел од најголемиот тим во државата! 🤗

23/07/2026

🎥 Ова видео е потсетник дека најубавите победи се оние што ги славиме заедно. 🎊

Ви споделуваме дел од атмосферата и емоциите од првата КроШу Олимпијада! 🏅

16/07/2026

🎥 Ви пренесуваме дел од атмосферата од работната посета на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и д-р Жељко Матијевиќ, CEO на Кромберг & Шуберт.

✅ Посетата претставуваше можност за разговор за клучните предуслови за понатамошен развој на индустријата, унапредување на производството и развојот на квалификуван кадар.

🎞️ Во видеото погледнете дел од обиколката на производствениот погон, средбата со нашите вработени и разговорите за идниот развој на индустријата во Битола и Пелагонискиот регион.

🎬 Погледнете ги најважните моменти од посетата.💜

Кромберг & Шуберт Скопје повторно вработува! 📢Доколку сакате да се придружите на нашиот тим аплицирајте за работа во наш...
15/07/2026

Кромберг & Шуберт Скопје повторно вработува! 📢

Доколку сакате да се придружите на нашиот тим аплицирајте за работа во нашата компанија со најдобри услови за работа! 💜

🤝 Во Кромберг и Шуберт денес имавме чест да бидеме домаќини на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во работна посета....
09/07/2026

🤝 Во Кромберг и Шуберт денес имавме чест да бидеме домаќини на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во работна посета.

✅ Посетата беше посветена на она што е суштински важно за иднината на индустријата: стабилни работни места, квалификуван кадар, техничко образование, подобра инфраструктура и посилна конкурентност.

📚 Посебен акцент беше ставен на улогата на Битола и Пелагонија како индустриски регион со потенцијал за развој, каде што стабилната инфраструктура, организираниот транспорт, техничкото образование и предвидливата деловна средина се клучни за долгорочна конкурентност.

💫💜Во рамки на посетата, премиерот имаше можност да се запознае со дел од производствените процеси и со луѓето кои секојдневно придонесуваат фабриката да работи според високите стандарди на европската автомобилска индустрија.💜💫

☀️ 😊Во услови на високи летни температури, грижата за здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените останува е...
02/07/2026

☀️ 😊Во услови на високи летни температури, грижата за здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените останува еден од приоритетите во нашата компанија.

🍹Со цел да придонесеме кон подобри услови за работа и да ја поттикнеме важноста на редовната хидратација во текот на оваа работна недела, компанијата во определени периоди од денот обезбеди освежителни пијалоци за сите вработени.

💜 Веруваме дека создавањето здрава, безбедна работна средина е од суштинско значење за благосостојбата на секој вработен. Затоа, и понатаму остануваме посветени на иницијативи кои го унапредуваат здравјето и грижата за нашите вработени.

🏅Да се биде прв никогаш не е случајност. Тоа е резултат на труд, упорност, тимска работа, одговорност и секојдневна посв...
29/06/2026

🏅Да се биде прв никогаш не е случајност. Тоа е резултат на труд, упорност, тимска работа, одговорност и секојдневна посветеност. 💫

✅️ Нашите колеги кои први го достигнаа таргетот од 107 кабли го докажаа токму тоа, a тоа беа колегите од линијата 089021 А. За нивниот успех следуваше заслужена награда, патување на локација во Македонија. Патувањето го започнавме со посета на Свети Наум, a го зачинивме со вкусен заеднички ручек во хотел Изгрев во Струга. ⛵️🥗🏠

Ова не беше само патување, туку и начин да им се заблагодариме за нивниот придонес и да го одбележиме успехот што го постигнаа.👏

Честитки до сите наградени! Продолжете да бидете пример дека секоја поставена цел е достижна кога зад неа стојат сплотени колеги, посветеност и истрајност.💪💜

Браво за нашите Крошу Шампиони! 💪💜Фк Крошу Спорт 🥇
26/06/2026

Браво за нашите Крошу Шампиони! 💪💜
Фк Крошу Спорт 🥇

🎉 Возбудлива атмосфера, вредни награди и тимски дух во Кромберг & Шуберт Македонија - Скопје! 🎉Во духот на заедништвото,...
23/06/2026

🎉 Возбудлива атмосфера, вредни награди и тимски дух во Кромберг & Шуберт Македонија - Скопје! 🎉

Во духот на заедништвото, мотивацијата и тимскиот успех, во производствениот погон на Кромберг & Шуберт Македонија се одржа наградна активност која донесе многу насмевки и позитивна енергија меѓу вработените.

Под мотото „Доаѓаш, учествуваш, освојуваш!“, учесниците имаа можност да освојат вредни награди, меѓу кои телевизори, мали апарати за домаќинство, технички уреди и две парични награди во вредност од 800 евра.

Настанот уште еднаш потврди дека успехот е резултат на заедничка работа, посветеност и меѓусебна поддршка. Покрај возбудата околу извлекувањето на наградите, најголема вредност имаше чувството на припадност и позитивната атмосфера што ја создадоа вработените.

Кромберг & Шуберт Македонија продолжува да инвестира во иницијативи кои ги мотивираат и наградуваат своите вработени, препознавајќи го нивниот придонес како клучен фактор за заедничкиот успех на компанијата.

👏 Честитки до сите добитници и благодарност до сите учесници кои со својата енергија и ентузијазам придонесоа овој настан да биде вистински празник на тимскиот дух! #️⃣🎁✨

Address

Улица А бр. Индустриска зона Жабени
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кромберг & Шуберт Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share