СГС е авто сервис чии почетоци датираат од 2006 година.
Составени сме од стручен и квалификуван кадар во областа на лимаро-фарбарски услуги, вградување плински уреди, монтажа на заштитни фолии, механичарски поправки и др. До денешен ден функционираме беспрекорно професионално.
Во делот на лимаро-фарбарски услуги располагаме со најсовремена опрема за компјутерско извлекување и поправка на оштетени
возила, најсовремена комора за фарбање на возила, сопствена лагер листа за компјутерско мешање и нијансирање на бои. Работиме исклучиво со атестирани најсовремени плински уреди, клима фолии за возила и објекти и заштитни фолии (безбедносни ) за објекти, атестирани автомобилски стакла за сите возила и разновидни механичарски услуги. Сервисот се простира на 1500 м2.
Врз основа на долгогодишното искуство на нашите вработени и нашиот професионален пристап кон работата стекнавме голем број задоволни клиенти*.
Нашето срдечно -добредојде , нашиот професионализам и фер однос према
клиентите сите овие години создаде големо реноме на нашиот сервис.
*SGS сервисот има договор и соработка со сите осигурителни компании.